Веб сервиси
Најави се
Кој е присутен
Има 1 гостин присутни
Анкета
Како ви се допаѓа веб страница?
Временска прогноза
Lexus спрема GT хибрид со 500 КС
Автомобилизам
На јапонскиот луксузен бренд му беше доста да биде само алтернатива на големите и луксузни лимузини од Германија, па по лансирањето на IS-F и суперавтомобилот LF-A, планира и Gran Turismo кабриолет со хибриден погон со над 500 КС...
Овој модел, во понудата би требал да го наследи кабриолетот SC430, кој е веќе скоро цела деценија на пазарот.
Покрај многу поагресивниот дизајн, новитет ќе биде и хибридниот погон, кој ќе биде составен од V8 мотор и два електрични мотори, со заедничка сила од над 500 КС.
Pусокоса се обидела да ја избегне дупката
Забава
Иако на прв поглед изгледа како класична снимка на пад на русокоса, но
сепак ова видео носи изненадување. Главната актерка ја приметила дупката
на патеката и се обидела на елегантен начин да ја прескокне. Но, сепак
таа само се обидела...
Нема скратен пат за Скопје до ЕУ и НАТО
Вести
Шефот на грчката дипломатија Димитрис Друцас, во своето денешно обраќање пред парламентарниот Комитет за одбрана и надворешна политика, порача дека нема друг пат за македонската интеграција во НАТО и во ЕУ освен со решение на спорот со името.
Информирајќи ги членовите на парламентот за активностите на грчката дипломатија за време на одржувањето на 65-то Генерално Собрание на Обединетите Нации во Њујорк, Друцас уште еднаш ја повтори грчката црвена линија за име со географска одредница за севкупна употреба, што според него значело исполнување на грчкиот дел од одговорноста во овој спор.
Арсенал е во битката за титулата
Спорт
Младиот играч од средниот ред на Арсенал Џек Вилшер не смета дека тимот заостанува фатално во борбата за титулата, иако лонданчани загубија 2 последователни натпревари и заостануваат со 7 поени од лидерот Челси.
„Сеуште е многу рано и јас мислам дека дефинитивно ние сме во битката. Знам дека заостануваме со 7 поени, но сигурен сум дека Челси ќе губи поени, така што едноставно мора да го искористиме тоа, кога ќе се случи.“ - вели Вилшер
Страница 1 од 2







